Утрински Весник
Македонија

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата

Pokana prezentacija na voena oprema stip.jpeg

Армијата на Република Северна Македонија, на 28 мај во период од 10:00 до 14:00 часот, на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата.

На настанот кој се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26″, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од вооружувањето, опремата, возилата и способностите на Армијата, како и со дел од активностите кои секојдневно ги извршуваат припадниците на Армијата во исполнување на својата мисија.


Дополнително ќе може да се проследи:

  • показна вежба (алпинистичка), реализирана од Извидувачко-разузнавачкиот баталјон,
  • показна вежба со службени кучиња, во реализација на Командата за обука и доктрини,
  • показна вежба-боречки вештини, во реализација на Баталјонот на специјални сили,
  • показна вежба-егзерцир, во реализација на Баталјонот за почести,
  • приказ на наставни медицински помагала за изведување на медицинска обука и демонстрација на укажување на прва помош на повреден, во реализација на Военомедицинскиот центар.

На настанот, работна точка ќе има и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”, Скопје каде граѓаните одблиску ќе може да се запознаат со можностите кои ги нуди оваа високо образовна институција. Свој настап ќе има и Воениот оркестар на Армијата со изведба на музички дела со македонска тематика.

Можете да прочитате

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи, упати честитка по повод Курбан бајрам

Тешко повреден тракторист при работа на нива

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади