Утрински Весник
Свет

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран

Us army.webp.webp

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.

Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“.


Рано утрово по локално време во иранскиот пристанишен град Бандар Абас се слушнале неколку експлозии, по што бил активиран системот за воздушна одбрана. Иранската револуционерна гарда првично објави три експлозии, повикувајќи се на неименувани извори, но официјалната потврда за причината не беше веднаш објавена.

Доналд Трамп изјави во текот на викендот дека со Иран се дискутираат „конечните детали“, а во понеделник нагласи дека договорот „или ќе биде одличен и значаен, или воопшто нема да има договор“.

Од друга страна, ирански портпарол изјави дека двете страни „постигнале рамка“, но дека не се согласиле за конечен договор.

Потоа дојде веста за застојот во преговорите, но и за нов американски напад врз Иран.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека преговорите за договор со Иран се одложуваат поради несогласувања околу формулацијата. Изјавата доаѓа по американските воени напади врз иранските позиции во Ормускиот теснец.

Замолен да коментира за нападите, Рубио беше јасен. „Теснецот мора да биде отворен. Ќе биде отворен на еден или друг начин и затоа мора да биде отворен“, рече тој.

Можете да прочитате

Карни: Референдумот за оцепување на Алберта „опасен блеф“ сличен на Брегзит

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт