Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес го потресе Чиле, нема информации за материјални штети

Zemjotres1.jpg

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го потресе Чиле, регионот околу 30 километри источно од градот Калама на северот на земјата. Епицентарот на потресот е лоциран на длабочина од 101,3 километри, во пустината Атакама.

Чилеанските власти засега не пријавиле повредени или материјална штета. Според локалните медиуми, потресот бил почувствуван во регионите Арика, Тарапака, Антофагаста и Атакама.


Чиле е една од сеизмички најактивните држави во светот, бидејќи на нејзината територија се судираат три тектонски плочи, па земјотреси со магнитуда помала од седум степени често не предизвикуваат поголемо внимание.

Во 1960 година земјата ја потресе најсилниот регистриран земјотрес во историјата, со магнитуда од 9,5 степени. Тогаш беше разурнат градот Валдивија, а загинаа околу 9.500 луѓе.

Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 520 лица.

Можете да прочитате

Карни: Референдумот за оцепување на Алберта „опасен блеф“ сличен на Брегзит

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт