Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во поранешен „Декортекс“ во Радовиш – пожарникарите со натчовечка борба го ставија под контрола

Img 5587.jpeg

Голем пожар вечерва избувна во магацин во просториите на поранешен „Декортекс“ во Радовиш, по што следуваше драматична и пожртвувана интервенција на пожарникарите од повеќе градови.

Од Т.П.П.Е Радовиш информираат дека пожарот бил во разгорена фаза уште при пристигнувањето на екипите, а дополнителен проблем претставувале брзо запаливите материјали кои се наоѓале во магацинот.


Само три минути по пријавата за пожар, екипите на Т.П.П.Е Радовиш веќе биле на терен, по што веднаш била извршена мобилизација на сите пожарникари. На помош пристигнале и екипи од Т.П.П.Е Струмица, како и од Д.П.Д. Мантово.

Во екот на борбата со огнената стихија, командирот Кулушиќ накратко излегол од објектот зафатен од пламен и изјавил дека акцијата продолжува со цел пожарот целосно да биде изгаснат.

Пожарникарите пожртвувано влегувале во просториите зафатени од пламен, ризикувајќи ги сопствените животи во обид да спречат ширење на пожарот и поголема материјална штета.

Според информациите од терен, пожарот е целосно изгаснат. Дел од пожарникарите се здобиле со полесни повреди, вклучувајќи вдишување чад и помали изгореници, но во најголем дел се чувствуваат добро.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а околностите под кои настанал ќе ги утврдуваат надлежните служби кои излегле на терен.

Можете да прочитате

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник

Заедничка акција на МВР и Шумската полиција – одземаат украдени огревни дрва во Арачиново