
Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката низа и попладнево во првото финале од ЕХФ Европскиот куп го совладаа тимот на Татабања со 29:28.
Ракометарите на Охрид доминираа во првиот дел, не му дозволија на домаќинот 16 минути да постигне гол, стекнаа предност од шест гола (11:5), Татабања врати со серија од три гола, а на паузата македонскиот тим имаше големи пет гола предност.
На стартот од вториот дел Татабања, повторно со три гола во низа ја намали разликата на три и во еден таков ритам се играше до 46-та минута. Ракометарите на Охрид му дозволија на противникот, со своите грешки, да фати ритам во нападот, судиите од Молдавија донесоа неколку дискутабилни одлуки во позла на Татабања.
Сето ова придонесе Татабања во претпоследната минута прв пат имаа водство 28:27. Сепак во финишот, Иванковиќ изедначи, Пилиповиќ се истакна со брилијантна интервенција, а потоа Ѓукиќ на три секунди до крајот го постави конечниот резултат.
Најефикасни во редовите на ГРК Охрид беа Иванковиќ и Ѓукиќ со по седум гола, пет гола, сите во вториот дел постигна Лијапис, а голманот Пилиповиќ забележа 10 одбрани.
Реванш дуелот се игра во недела во Охрид на 31.мај со почеток во 20 часот.

