Утрински Весник
Магазин

Алмодовар: Уметниците имаат морална должност да зборуваат за политичките прашања

555.jpg

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар смета дека истакнатите филмаџии имаат „морална должност“ да говорат против влошувањето на политичката клима денес. На премиерата на неговиот претстоен филм во Кан, тој одговараше на прашања во врска со неговите претходни коментари во коишто го критикуваше недостатокот на протест на „Оскарите“ претходно оваа година.

– Не сакам никого да осудувам, но мислам дека уметниците имаат должност да зборуваат за случувањата и животот во современото општество. Тоа е морална должност. Тишината и стравот се симптом дека работите се влошуваат – сериозен знак дека демократијата се распаѓа. Мора да дејствуваме против ова лудило, изјави Алмодовар за „Гардијан“.


Тој притоа истакна дека ако луѓето на позиција како неговата, не се спротивстават на подемот на крајната десница, тоа ќе ги олесни ограничувањата на слободата на говорот за коишто, вели, веќе се гледаат во САД. – Европа никогаш не смее да му биде потчинета на Трамп!, предупреди наградуваниот режисер.

Тој е истакнат критичар на американскиот претседател Доналд Трамп, за кого вели дека ќе биде запомнет како „катастрофа“ во историјата.

– Соединетите Американски Држави во овој миг не се демократија. Некои велат дека можеби се несовршена демократија, но јас денес не мислам дека САД се демократија, додаде режисерот.

Алмодовар е на Канскиот филмски фестивал за својот прв филм на шпански јазик по пет години, „Горчлив Божиќ“, којшто ги истражува моралните импликации од користењето на приватните животи на најблиските како инспирација за креативност.  

Можете да прочитате

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него

Третина јапонски компании користат или размислуваат за воведување на ВИ роботи