Утрински Весник
Македонија

„Алтус НЗ“ со концерт во македонскиот КИЦ во Истанбул

20260520124018 big 730x400 8.webp.webp

Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, утревечер, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот „Алтус НЗ“, составен од уметниците Елена Стојческа – флејта, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Ромен Петио – гитара.

Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ (Altus NB) – македонско-француска уметничка платформа посветена на современото музичко творештво и афирмација на македонската современа музика на меѓународната сцена.


На концертот ќе биде изведена програма со дела од македонските композитори Дарија Андовска, Дамјан Темков и Бојан Димитровски, како и композиции од Алберт Русел, Астор Пјацола, Мануел Марија Понсе, Хеитор Вила-Лобос и Кери Џејкобс Бонд.

Ансамблот „Алтус НЗ“ е основан во 2021 година како македонско-француски проект чија цел е создавање простор за современ музички израз, меѓународнo вмрежување на композитори, изведувачи и културни институции. И покрај своето релативно кратко постоење, ансамблот веќе има настапувано на повеќе значајни фестивали и концертни сцени во Македонија и Европа.

Можете да прочитате

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка

Клиничката болница – Штип не прима пациенти со скршеници поради паднатиот покрив

Почина маж во пожар во стан во Кичево