Утрински Весник
Скопје

СДСМ: Целосна негрижа и запоставени спортски игралишта, до толку ли Аеродром нема пари

Marijan jovanovski.jpg

Прес конференција на Маријан Јовановски, СДСМ:

Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината.


Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна.

Кошеви без обрачи, голови без стативи, руинирани и неосветлени терени се само дел од катастрофалната состојба на спортските игралишта низ цела општина.

На спортскиот терен Драган Топчиевски Топче подолго време недостасуваат стаклените табли на кошевите. 

Слична е состојбата и на игралиштето на улицата Владимир Комаров каде што граѓаните се самоорганизираат да ги поправат кошевите,  спортското игралиште до градинката Лале, како и спортското игралиште кај Јане Сандански број 100.

Дополнително загрижувачка е и состојбата со спортскиот центар Марко Божиновски во Ново Лисиче кој што е видливо запоставен по последната реконструкција.

Јавно го прашуваме градоначалникот Дејан Митески, дали и кога општина Аеродром планира да започне реконструкција на спортските игралишта?

Дали финансиската состојба на општината е толку катастрофална што општината нема пари да замени и најобичен обрач за кош?

Со ваквата негрижа на Општина Аеродром не постојат елементарни услови за промоција и развој на спортот особено меѓу младите.

На граѓаните во Аеродром им е доста од „вади-стави плочки” сомнителни проектчиња. 

Време е општината да почне да работи на вистински и реални проекти од интерес на младите и сите љубители на спортот.

Можете да прочитате

Културно лето на Чаир 2026 – 24info.mk

Без струја корисници во Центар, Кисела Вода и Карпош

Ѓорѓиевски на средба со Рита Колумбиа: Разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и ОН