Утрински Весник
Балкан

Суспензија за полицајци во Косово – биле затекнати голи во службено возило

Img 4889.jpeg

Двајца припадници на косовската полиција, според информациите објавени во косовските медиуми, биле суспендирани од работа во Косовска Митровица откако биле затекнати во интимна ситуација за време на работното време.

Според медиумските извештаи, станува збор за етнички Срби – маж и жена, идентификувани со иницијалите Н.П. и Р.Т.


Наводно, двајцата биле затекнати голи во автомобил од страна на припадници на друга полициска единица, кои случајот веднаш го пријавиле кај надлежните органи.

По пријавата, против полицајците била покрената дисциплинска постапка, а надлежните донеле одлука за нивна тридневна суспензија од работа.

Косовските медиуми пренесуваат дека еден од полицајците по инцидентот бил прераспределен на друго работно место.

Засега нема официјална реакција од косовската полиција за деталите околу случајот, кој предизвика големо внимание во јавноста и на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Пукање во Турција, има загинати, вооружениот напаѓач побегнал

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска

Нови правила: Влез во Грција само со нов комплет прва помош