Утрински Весник
Македонија

ЗЕЛС ќе формира кризен противпожарен штаб

Zels.webp.webp

На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени повеќе значајни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа.

Како една од клучните мерки, Управниот одбор донесе одлука за формирање кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел поефикасна координација меѓу општините и институциите во справувањето со евентуални пожари во текот на летниот период.


На седницата присуствуваше и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, со кого се разговараше за можностите за формирање локални енергетски претпријатија. Беше истакнато дека преку користење на енергија од соларни панели, општините ќе можат да обезбедат дополнителни приходи за реализација на локални проекти и подобрување на услугите за граѓаните.

Од ЗЕЛС порачаа дека продолжуваат со активности насочени кон посилни општини, подобра координација и поефикасни институции во интерес на сите граѓани.

Можете да прочитате

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот на секоја полициска интервенција

Светот се бори за бакар, Македонија има рудник што може да го крене БДП  

ДУИ: Почитувањето на Законот за јазиците не е прашање на добра волја, туку уставна и законска обврска