Утрински Весник
Македонија

Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание

5 15 scaled.jpg

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси”, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци.

На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој” и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи”.


Во своето обраќање, министерот нагласи дека Разловечкото востание од 1876 година е еден од темелите на македонската борба за слобода и државност, оценувајќи дека токму овде „македонскиот народ го разгорел жарот што подоцна прераснал во силен ослободителен бран низ цела Македонија”.

„Јунаците од Разловци не ја победија Империјата, но ја победија тишината, а тишината е најстрашната форма на ропство”, рече Љутков, додавајќи дека малите, на прв поглед „неуспешни” востанија, се искрите од кои се раѓаат големите слободи.

Љутков додаде дека Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Тој додаде дека сето ова е особено значајно за зачувување на историската меморија затоа што, како што нагласи: „секој обновен споменик, секоја зачувана приказна и секое спомнато име на разловечките јунаци претставува тивок, но моќен отпор против заборавот”.

На крајот тој им оддаде почит на Димитар Поп Георгиев Беровски, Поп Стојан Карастоилов, Илија Марков-Дедо Иљо Малешевски, Никола Скрижовски и на сите познати и непознати учесници во Разловечкото востание, оценувајќи дека нивното дело ќе остане вечен извор на македонскиот непокор, достоинство и стремеж кон слободата.

Можете да прочитате

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето

Измамник од Кавадарци фатен на дели, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко – технички обработени