Утрински Весник
Македонија

Студентите ќе плаќаат поскапо за сместување во студентски домови

Kuzman Studentski 3 800x450 1.jpeg

Новите законски решенија воведуваат значителни промени во начинот на финансирање на студентското сместување и распределбата на стипендиите.

Со новиот закон се воведува категоризација на студентските домови во два типа: Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти. Тип 2: Постојни, односно нереновирани студентски домови.

Министерството за образование го менува моделот на финансирање на сместувањето и исхраната, па така за домовите од Тип 1, државата ќе покрива само до 40% од трошоците (наместо досегашните 50%). За домовите од Тип 2, партиципацијата останува до 50%.

Ова значи дека студентите во реновираните домови ќе плаќаат повисоки цени, кои ќе се утврдуваат според „реалните трошоци“. Постои страв од создавање „двокласен систем“, каде што подобрите услови ќе бидат достапни само за оние со подлабок џеб.

Измените го менуваат и соодносот на доделување на државните стипендии: Социјални категории: Квотата се намалува од 49% на 40% (иако сега се вклучени и студенти со ретки болести и попреченост).

Стратешки интереси: 35% од стипендиите се наменети за студиски програми од стратешки интерес.

Успех: 25% се резервирани за студенти со особен успех во учењето.

Укинување на надоместоците за приватно сместување и превоз

Со новиот закон се бришат одредбите донесени за време на ковид-кризата. Студентите кои нема да добијат место во дом повеќе нема да имаат законско право на месечен надоместок до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз.

Можете да прочитате

Османи на Самитот за Одбрана во Атина

ВЛЕН: Наместо празни зборови и манипулации, градиме сигурна иднина за младите

Васил Хаџиманов и неговиот бенд специјални гости на големиот концерт на Архангел