Утрински Весник
Македонија

Демократски сојуз: Опасно сценарио на ДУИ за дестабилизација на Македонија

7 3.jpg

Соопштение за јавност на Демократски сојуз:

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем.


Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија.

Очигледно е дека зад овие активности стои политичката агенда на ДУИ, која по губењето на власта се обидува преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи да предизвика дестабилизација на државата и да обезбеди политички поени.

Демократски сојуз смета дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но истовремено мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен правосуден систем кој функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.

Недозволиво е правосудството да стане поле за политички и етнички конфронтации или за создавање паралелни системи кои би ја нарушиле правната сигурност и единството на институциите.

Ја повикуваме Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку преку дијалог и стручна дебата да изнајде европско и одржливо решение кое ќе обезбеди:

 – целосно почитување на јазичните права на сите заедници;

 – задолжително познавање на македонскиот јазик за носителите на правосудни функции;

 – зачувување на единствениот правосуден систем и унитарниот карактер на државата.

 Република Македонија има потреба од стабилност, владеење на правото и меѓуетничка доверба, а не од политички сценарија базирани на поделби и конфликти.

Можете да прочитате

Студентите ќе плаќаат поскапо за сместување во студентски домови

СДСМ: Мицкоски ја копира Орбановата политика на конфронтација – резултатот е изолација

Николоски: Во Хрватска професионалните возачи ќе можат да добијат долгорочни визи