Утрински Весник
Свет

Папата Лав XIV на 25 мај ќе ја објави својата прва енциклика

Papata lav xiv.webp.webp

Папата Лав XIV на 25 мај ќе ја објави својата прва енциклика (папско послание до сите католици и христијани), во која се очекува главно да се осврне на прашањата поврзани со подемот на вештачката интелигенција (ВИ) и предизвиците пред работничките права, соопшти денеска Ватикан.

Според упатени извори, Светиот отец во документот најверојатно ќе ги осуди и војните што го потресуваат светот. Енцикликата ќе го носи насловот „Magnifica humanitas“ („Величествено човештво“) и беше официјално потпишана од папата на 15 мај, соопшти Ватикан.


„Првата енциклика на еден папа обично ги отсликува неговите приоритети, фокусирајќи се на она што тој го смета за сериозни социјални и морални проблеми на современиот свет“, изјави Џон Тавис, поранешен ватикански дописник кој известувал за три папства. Од денешното соопштение стана јасно дека текстот на папата ќе се фокусира на „заштитата на човечката личност во ерата на вештачката интелигенција“.

Папата Лав XIV, кој на 8 мај одбележа една година на чело на Римокатоличката црква, во повеќе наврати предупредуваше на ризиците од вештачката интелигенција. Во говорот одржан на најголемиот универзитет во Европа минатата недела, тој ја осуди употребата на ИА во воените дејствија, посочувајќи ги конфликтите во Украина, Појасот Газа, Либан и Иран како примери за „бесчовечката еволуција на врската меѓу војната и новите технологии“.

Вчера Ватикан соопшти дека папата го одобрил и формирањето на „Меѓудепартманска комисија за вештачка интелигенција“, чија задача ќе биде да ги анализира потенцијалните ефекти од нејзиниот развој врз човештвото.

Можете да прочитате

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита

САД издаваат нова 30-дневна лиценца за привремен пристап до блокираната руска нафта

Мелони бара од Брисел да ја изземе енергетиката од правилата на ЕУ за потрошувачка