Утрински Весник
Македонија

Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме

Vreme.webp.webp

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километтри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека и во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.


Можете да прочитате

Филипче: Прегледувам пациенти секој ден, а еднаш неделно влегувам во операциона сала

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври

Ристов: Идејата за анализата на блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена на струјата