Утрински Весник
Македонија

Левица со предлог-закон за ставање крај на кризата со коцкање

Mecinovic.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција најави дека политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа. Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот, се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат само во граничен појас до пет километри од границата или во категоризирани хотели со пет ѕвезди.


Според Мециновиќ, институциите мора да покажат дека човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од секој вид на приватен профит.

,,Денес дојде ден да се зборува за коцкањето во Република Македонија, затоа што предолго се случува како еден феномен кој има дегенеративна основа, а во Собранието веќе долго време не се зборува затоа што политичарите и властите тоа одбиваат да го направат. Прашањето е дали ќе дозволиме цели населби да бидат преплавени со индустрија која заработува од надежта, стравот и економската несигурност на граѓаните во време кога опаѓаат условите на живот.” – истакна пратеникот од Левица.

Мециновиќ дополни дека во овој момент се отвора можност да се покаже дека Република Македонија е држава која знае да ги заштити своите луѓе, што не е случајот веќе долго време, според пратеникот. Тој оцени дека коцкарската индустрија профитира од економската несигурност и сиромаштијата на граѓаните.

Партијата бара и ограничување на рекламирањето на коцкањето со цел, како што велат, да се спречи неговата „агресивна нормализација” во јавниот простор.

Можете да прочитате

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против македонско државјанство за функционерите, а „за“ нов долг од 260 милиони евра

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право

Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик, уверува Сали