Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Форумот на жени против омразата и навредите на Миленко и Тасевски, највуваме и пријави

Kaja sdsm sukova.jpg

Прес конференција, Каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените.


Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните навреди, клевети и омаловажувања кон нашата портпаролка и жените од СДСМ.

Форумот на жени на СДСМ ги осудува и најавува дека ќе поднесе соодветни пријави. Одговорност мора да има.

Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар.

Сашо Тасевски да биде соодветно санкциониран и да му бидат блокирани видеата на социјалните мрежи полни со навреди и понижувања за жените.

Почитувани,

Сето ова е резултат на политиката на говор на омраза, поделби и пропаганда што со години ја гради ВМРО-ОКГ, со помош на орбановата мрежа на медиуми и ботови, ликови како Латас како медиумски координатор, и се тоа со амин лично на Христијан Мицкоски.

Овие повампирени ликови од времето на Груевски, постојано шират навреди, лаги, конструкции и говор на омраза кон опозицијата, новинари, активисти и жени кои јавно говорат во името на СДСМ или против власта.

Армијата на ботови на ВМРО-ОКГ координирано шири клевети, омаловажувања и закани на социјалните мрежи.

Станува збор за организирана кампања на омраза и деградација против неистомислениците.

Секој што размислува слободоумно, или што ја критикува владата е таргет.

Оваа организирана криминална бданка систематски го дели општеството, создава вештачки поделби и поттикнува атмосфера во која омразата станува политичка алатка.

„Талог на опшеството”, „мочуриште”, „мекотели”, целата оваа реторика  е дел од таа политика и атмосфера што се создава.

Фактот што Унијата на жени на ВМРО не најде сила да ги осуди овие навреди и понижувања е уште една потврда.

Молчењето е охрабрување на насилството и соучешништво. До кога ќе молчите?

Ова е прашање на достоинство и почит кон жените во нашето општество.

Обединувањето на сите прогресивни сили околу Фронт за вистината и правдата значи продолжување на борбата против секоја форма на насилство, омраза и деградација на жените.

За секоја жена. За секое семејство.

За достоинствено и безбедно, европско општество.

Можете да прочитате

Лукаревска: Семејствата сами се борат за лекови, СДСМ предлага проширување на позитивната листа

Има решение за македонското земјоделство – но дали системот сака да се промени?

За два дена 1026 сообраќајни прекршоци низ Македонија