Утрински Весник
Спорт

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување

Ffm.jpg

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија.

ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите.


Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пее вулгарни и навредливи текстови при прославувањето на победата. Ваквото однесување е недолично без разлика кон кого е насочено, без разлика дали станува збор за јавни личности, за навивачи на другиот тим, за фудбалери или за кој било друг.

Ривалитетот меѓу екипите е посакуван и здрав само кога е достоинствен и исполнет со меѓусебна почит, а секаква форма на говор на омраза, навреди и неспортско однесување нема место во фудбалот.

ФФМ, како и во претходните ситуации кога беа казнувани екипите на ФК Тиквеш, ФК Победа, ФК Вардар, ФК Шкендија и други, ќе постапува согласно своите пропозиции и дисциплинските правилници. По овој повод, Дисциплинскиот инспектор при ФФМ веднаш ќе отвори постапка против клубот во врска со последните случувања.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на промоција на фер-плејот и нема да дозволи ничие однесување да го наруши интегритетот на натпреварувањата.

Фудбалска федерација на Македонија

Можете да прочитате

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула