Утрински Весник
Свет

Убиен командант на военото крило на Хамас

Gaza56 1.jpg

Висок функционер на Хамас изјави за Ројтерс дека шефот на военото крило на организацијата, Из ал-Дин ал-Хадад, е убиен, еден ден откако Израел соопшти дека извршил воздушни напади врз него.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, ја потврди смртта на Изат ал-Дин ал-Хадад и ѝ нареди на Јужната команда да остане во состојба на готовност поради стравувањата дека палестинската организација би можела да возврати.


Претходно, џамиите во северниот дел на Појасот Газа ја објавија смртта на командантот на бригадите Ал-Касем.

Според исказите на сведоците, „мачеништвото“ на Ел-Хадад било објавено во џамиите во Газа.

Ел-Хадад го предводеше Хамас по смртта на Мухамед Синвар  во 2025 година.

Голем дел од Појасот Газа, каде што неодамна се одржаа локални избори , останува опустошен, со население раселено и сведено на секојдневниот опстанок, бидејќи израелските сили продолжуваат со нападите и покрај мировниот договор од октомври .

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа