Утрински Весник
Македонија

Жена и дете повредени откако автомобил излетал од патот кај Делчево

Soobrakajka.webp.webp

На 15.05.2026 во 20:32 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, патничко возило „мазда” со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(53) од с. Нов Истевник, делчевско, на место викано „Курачка мала”,  атар на с. Нов Истевник излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишната В.А., а со телесни повреди се здобиле нејзиниот 12-годишен син, двајцата од Делчево. Со повреди се здобил и возачот К.Г., констатирани во Медицински центар Штип.


По преземени мерки, полициски службеници кај возачот констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол и кај него биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта. Истиот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Зад студентските транспаренти се крие раката на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Мастеф добивала тендери и од градоначалници од СДСМ

Судар на електрични тротинети во Скопје, две лица повредени