Утрински Весник
Свет

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран

Fbi.webp.webp

ФБИ нуди награда од 200.000 долари за информации што би довеле до апсење на поранешната американска разузнавачка службеничка Моника Вит, обвинета дека шпионирала за Иран.

Американските власти тврдат дека Вит пребегнала во Иран во 2013 година, а во 2019 беше обвинета дека открила строго доверлива американска разузнавачка програма и идентитет на американски агент, со што наводно му го загрозила животот.


Според обвинението, таа соработувала со ирански власти и им предавала информации поврзани со националната безбедност на САД. За возврат, иранските власти ѝ обезбедиле сместување и опрема.

ФБИ соопшти дека сè уште се обидува да ја лоцира и верува дека таа и натаму ги поддржува иранските активности.

Можете да прочитате

И Уганда прогласи жариште на ебола

Арагчи: Ормуска Теснина е не е затворена за бродовите од земји кои не се во војна со Иран

Самитот на БРИКС заврши без заедничко соопштение поради различни ставови