Утрински Весник
Македонија

Левица: ЕСМ и Узунчев не пријавиле штета за случајот со увоз на мазут – предметот падна поради директорот на Мицкоски

Levicza 2.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Додека Мицкоски ја замајува јавноста со глумење изненаденост за пропаднатиот случај со увозот на мазут, клучниот елемент е дека токму ЕСМ, предводено од неговиот близок личен пријател Узунчев, не доставиле доказ дека државата е оштетена! 


Самата обвинителка Колариќ јавно потврди дека клучната „оштетена страна” – ЕСМ, преку директорот Узунчев, скандалозно изјавила дека компанијата не претрпела никаква штета. Претставници на АД ЕСМ (овластени од директорот Лазо Узунчев) и претставници на ТЕЦ ‘Неготино’  (овластени од директорот Александар Галапчев) на записник во обвинителството изјавиле дека “постапките се спроведувале согласно правилата, дека немало проблеми во динамиката на испорака и дека договорите биле целосно испочитувани.” 

Со ова, ЕСМ под раководство на Узунчев не само што не пријавиле штета врз државното претпријатие, туку директно сведочеле во корист на спорните договори и набавки. Левица и претходно предупредуваше за криминалното и неодговорно работење на Узунчев, кој наместо да го штити јавниот интерес, го задолжува и финансиски го уназадува претпријатието. 

После две години нула одговорност за криминалите на претходната власт, додека Заев ужива на слобода и Груби како слободен граѓанин се прошета до границата, Левица јавно прашува – какви зделки склучил Мицкоски и колку провизии поделил со оние кои ги обвинуваше претходно за криминал?! Дали Мицкоски го штити неговиот личен пријател Узунчев за криминалите со ЕСМ – а за возврат, Узунчев е неговиот “џокер” кој ги спасува од прогон функционерите од претходната власт?!

Можете да прочитате

Уапсен возачот кој вчера во Скопје со возило удри во 13-годишен велосипедист

„Арс Ламина” го распиша конкурсот „Читањето е супермоќ” за суперчитатели од основните училишта

СВР Битола со апел: Внимавајте на пријави за лажни сообраќајки