Утрински Весник
Македонија

Невреме и силен ветер ја зафаќаат Македонија: Удари над 70 км/час и можен град

Vreme1.webp.webp

Деновите понеделник и вторник (11/12 Мај 2026) ни носат засилен до повремено силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Инаку токму ова ќе биде резултат поради циклонската активност која ќе биде со центар над Џенова и истата покрај силниот ветер нема да ни донесе целосно стабилна атмосфера во Македонија.

По стабилното претпладне со повеќе сончеви периоди, во попладневните часови локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер. Особено во вторник на 12 Мај 2026 локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со електрични празнења и со услови за појава на град.


Да напоменам дека поради силното југозападно и западно воздушно струење во деновите понеделник и вторник (11/12 Мај 2026) од Сахара кон територијата на Македонија повторно ќе се врши поголем транспорт на прашина и на песок па атмосферата повторно ќе ни биде заматена и нечиста па при појавата на дожд тој ќе биде нечист и помешан со Сахарската прашина и со песок. Времето исто така овие два дена ќе биде многу мачно и спарно па така температурите кои ги очекувам ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Инаку температурите овие два дена ќе бидат во поголем пораст и насекаде ќе надминуваат 20 степени а на повеќето места тие ќе надминат и 25 степени. Во Повардарието и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 30 степени. Во Скопје и околината исто така температурата во овие два дена ќе се искачи близу 30 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија

Левица: Ристов ќе удри по џебот на најсиромашните – укинувањето на евтината тарифа ќе ги зголеми сметките

За два дена 1433 сообраќајни прекршоци