
Соопштение за јавност на СДСМ:
СДСМ им го честита Денот на полицијата на сите чесни, професионални и посветени полициски службеници кои и покрај притисоците, понижувањата и партизацијата којашто ја прави Тошковски и ВМРО-ОКГ, секојдневно се посветени на безбедноста на граѓаните.
Но денес, наместо гордост и доверба, јавноста гледа распад на системот, скандали, насилство, селективна правда и партизирана полиција ставена во функција на заштита на власта и криминалните структури околу Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Примери има безброј.
Двајца богидарди на премиерот Мицкоски се вмешани во скандали, едниот е во притвор откако брутално ја претепал сопствената сопруга а вториот на повторно судење за оддавање службена тајна.
Полицијата е понижена и паритизирана со новиот противуставен Закон за МВР. Напредуваат кадри кои можат да дојдат од улица или директно од партиските штабови на ВМРО, наместо професионалци кои со години се усовршувале и чесно служеле на државата.
Жал ни е што овие фрлаат сенка врз чесните припадници на службата.
Во последните две години, со Панче Тошковски во МВР, Македонија стана држава во која насилството е секојдневие – во училиштата, во домовите и на улиците.
Пред само неколку дена имаше случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје. Системот кој треба да заштити – не функционира.
Грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници имаше во Скопје, Гостивар и Неготино. Превенција нема. Одговорност нема.
Семејното насилство е на секој чекор, а често завршува трагично и покрај бројни пријави кои институциите ги игнорираат.
Млада жена и дете беа убиени и покрај 12 пријави за насилство. МВР било слепо и глуво.
Во Велес, насилник уби жена и нејзиниот татко. Во Старо Нагоричане, сериски убиец убиваше жени со години додека институциите не реагирале.
Во Кочани згаснаа 63 животи, а до денес нема вистинска одговорност.
Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола, одговорност нема.
Последниот скандал, Тошковски јавно призна дека полицијата поседува систем кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на граѓаните. Тоа е Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор.
После Black Cube, приватниот Мосад за тајно снимање, следење и фабрикување афери, Мицкоски и ВМРО-ОКГ одат чекор понатаму – воведуваат државен шпионски систем против сопствените граѓани.
Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална и политичка одговорност?


