Утрински Весник
Македонија

Диплома од Славјанскиот универзитет од 2016 има печат со Република Северна Македонија

Janevska.webp.webp

Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности – од полагање 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, од еден предмет на четири ЕКТ-системи, признаени два по седум ЕКТ-кредити и диплома од 2016, на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година – изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Таа посочи дека тоа е сега предмет на Јавното обвинителство.


Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот, универзитетот ќе има сериозни последици – додаде Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“.

Можете да прочитате

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза

Кога законите стануваат алатка за дерење кожа на граѓаните