Утрински Весник
Скопје

Герасимовки на средба со основните училишта: Бесплатни оброци, екскурзии низ Македонија и униформи за наредната учебна година

Whatsapp image 2026 05 06 at 14.04.40.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната средба со директорите на сите осум центарски основни училишта ги прецизираа клучните политики од областа на образованието што ќе се реализираат во наредната учебна година.

На средбата беше договорен сеопфатен план, со конкретни мерки насочени кон подобрување на условите за учениците.


Една од најзначајните новини е воведувањето бесплатна храна за сите ученици во целодневната настава. Почнувајќи од септември 2026 година, трошоците за оброците целосно ќе ги покрива локалната самоуправа, што значи дека родителите нема да имаат никакви финансиски обврски за исхраната на своите деца во училиштата.

„Продолжуваме и наредната година со успешниот проект училишни униформи за учениците од сите одделенија, со цел да поттикнеме еднаквост, дисциплина и чувство на припадност”, истакна градоначалникот на средбата.

За учениците од 4. до 9. одделение, општината целосно ќе финансира по една неколкудневна екскурзија. Проектот „Ја сакам Македонија” има за цел учениците да ги запознаат убавините на татковината, да стекнат нови искуства и да изградат посилна врска со земјата.

Дополнително, предвидено е зголемување на стипендиите за талентирани ученици за 50%, а директорите ја поддржаа и мерката за менторско учење и дополнителни часови, наменета за децата кои имаат потреба од дополнителна поддршка, но и за талентираните ученици кои се подготвуваат за натпревари.

„Со овие мерки, Општина Центар јасно покажува дека вложувањето во образованието значи вложување во иднината. Секое дете треба да има еднаква шанса, поддршка и услови за раст и напредок”, истакна Герасимовски.

Можете да прочитате

Хемиски мирис покрај Вардар вознемири граѓани – известени инспекции и обвинител

Нови брендови и модерни концепти: Diamond Mall ја проширува својата понуда

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија”, гастрономија, музика и дружење во Центар