Утрински Весник
Балкан

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка во Србија

Soobrakajka .jpg

Тешка сообраќајка се случила утрово во Србија во која загинале четири лица, а две се тешко повредени.

Според првичните информации, несреќата се случила поради судир помеѓу две патнички возила – „Опел Астра“ и „Голф 7“ на магистралниот пат Нови Пазар – Рашка.


Полицијата потврди дека три лица загинале на местото на настанот, додека едно лице починало при приемот во болница. Уште две лица се примени во Општата болница во Нови Пазар со тешки повреди, објави РТС.

Полицијата спровела истрага, а сообраќајот на овој дел од патот бил во прекин неколку часа.

Можете да прочитате

Специјалци упаднаа во акција против опасна криминална група во Србија – еден од осомничените е во Македонија

Хрватска и постави осум услови на Црна Гора пред членството во ЕУ

Милановиќ даде согласност за учество на војници од Хрватска во мисии на ЕУ, НАТО и ОН