Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец со лажно одобрение за градба рекламирал и продавал станови кои не постојат

Zgrada Stanovi1.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и О.Ф.(43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама”  и „фалсификување исправа”.

Во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, свесно и  со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и прикажувал лажно одобрение за градење од општина Охрид за надградба на станбена зграда и се рекламирал преку свој профил на веб страна за продажба, каде што имал огласи за продажба на станови, за што земал пари од повеќе лица.   


Можете да прочитате

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд

Марихуана наместо храна, перници и јоргани – разоткриена шверцерска рута преку Табановце

Гужви на бензинските по објавувањето на новите цени на горивата