Утрински Весник
Свет

Автомобил се заби во луѓе во Лајпциг: Двајца мртви, многу повредени

C033c40d dffc 4d06 9c02 ded5d363d003.jpg

Две лица загинаа, а две други се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во центарот на источногерманскиот град Лајпциг, објави локалната телевизија MDR, повикувајќи се на полицијата.

Полицијата во Лајпциг потврди за Ројтерс дека има повредени по судирот на возилото, но не можеше да даде повеќе детали.


Според локалната радио станица Радио Лајпциг, оштетен џип „Фолксваген“ во кој се наоѓало едно лице бил виден со голема брзина низ пешачка зона.

Истиот извор, повикувајќи се на сведоци, наведува дека неколку тела биле покриени со чаршафи и дека, според нив, имало и напад со нож.

Можете да прочитате

Трамп: Ги уништивме иранските глисери тоа е сè што им остана

Иран: Пукавме кон американски разорувач

Нападната рафинерија во Емиратите – 24info.mk