Утрински Весник
Македонија

Одбиено барањето на Камчев за враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“, одлучи Врховниот суд

20260430183615 big 730x400 10.webp.webp

Врховниот суд одлучил дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара надомест од 1,5 милиони евра во граѓанската постапка за предметот „Рекет“, оценувајќи дека тој не може да се смета за оштетен во случајот. Како што објави Призма.мк, петмина врховни судии донеле одлука дека Камчев нема основ да ги побарува средствата што ги дал, откако претходно преку својот адвокат Александар Михајловски поднел барање за ревизија на одлуките на пониските судови кои му ја одбиле тужбата.

Камчев во 2022 година ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како и поранешното Специјално јавно обвинителство, барајќи солидарно враќање на парите што, според неговите наводи, ги дал како рекет, но подоцна се откажа од тужбата против Милевски.


Во образложението на пресудата, Врховниот суд наведува дека тужителот се впуштил во, како што е наведено, „морално недопуштено договарање“ со тужените, со цел да си ја олесни положбата во предметот „Империја“, поради што нема право да бара враќање на дадените средства. – Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото – стои во пресудата.

Судот оценил дека со давањето пари Камчев сторил кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, посочувајќи дека евентуалното обештетување би значело нарушување на интегритетот на правосудниот систем.

Можете да прочитате

Од мозочен удар до отказ: Тримчески ја откри животната голгота

Спасувачка акција на автопатот Скопје-Велес: Шест лица спасени од излетано возило

Херои во сенка: Личниот асистент Филип ја раскажа својата приказна на 4ТВ