Утрински Весник
Македонија

Температурите паѓаат за повеќе од 10 степени, доаѓаат и дожд и снег

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на значително поладен атмосферски фронт кој во денот четврток 30 април 2026 ќе се спушти од север кон Македонија, ќе се формираат влажни воздушни бранови кои насекаде во Македонија ќе ни донесат врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен дожд а локално ќе наврнат  и околу 20 литри на метар квадратен дожд.


Поради заладувањето,  на планините над 1100 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и ќе се фомрира снежна покривка.

Сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Во Скопје  и околината исто така со овој ладен и влажен атмосферсаки фронт од север на ден 30 април 2026 четврток ќе има врнежи од дожд проследени со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Што се однесува до температурите, тие на ден 30 април 2026 четврток значително ќе опаднат за околу па  и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминативе денови и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Да напоменам дека на ден четврток 30 април 2026 во попладневните  и во вечерните часови температурите ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓње што значи ќе продолкжи заладувањето во Македонија.

Можете да прочитате

Ангелов на состанок во НАТО: Фокус на отпорноста и цивилната подготвеност

Утрово најладно во Берово и Лазарополе, најтопло во Виница

Одземени четири лиценци на управители на згради при вонредна контрола на РКД