Утрински Весник
Македонија

Судењето за „Пулс“ продолжува со изведување докази

Whatsapp image 2025 12 02 at 09.50.27.jpeg

Денеска во кривичниот суд во Идризово, продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, кое влегува во фаза на изведување материјални докази.

Се очекува денеска да се започне со изведување на судско медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот.


Од Обвинителството посочуваат дека по изведувањето на обдукциските наоди и она што е констатирано, ќе биде повикано вештото лице кое ќе одговори на се она што не било одговорено или отворило прашања во јавноста.

Од Обвинителството не може да кажат колку рочишта ќе бидат потребни за изведување на материјалните докази, и тоа, како што посочи, зависи и од одбраната и дали и колку ќе има опструкции, но тоа е работа на судот да се грижи за економичност и ефикасност на постапката.

Видеоматеријалите што се предложени како докази, на денешниот брифинг беше посочено дека, нема целосно да се прикажуваат во судница, бидејќи делови од нив не се важни за обвинението.

Можете да прочитате

Завршни зборови во случајот против Стојанче

Заврши четиринаесеттиот RoboMac 2026 – 24info.mk

Акција на МВР и ФБИ: Во Голема Речица уапсени администратори на нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари