Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, седум лица повредени

Policija.webp.webp

На 26.04.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, на клучка Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од с.Грчец, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од патничкото возило „бмв”, Ф.М. и сопатничката од патничкото возило „мерцедес” Е.Б.(23), додека со телесни повреди 23-годишната Е.А. и другите сопатници Ф.Х.(21) од с.Кондово, скопско, З.И.(22) од Скопје и Џ.Ф.(22) и Б.А.(18), двете од с.Раовиќ, скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” Скопје.


Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани