Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада

20260427173428 big 730x400 69.webp.webp

Примиерот Христијан Мицкоски денеска, при увид на реконструкцијата на Универзална сала беше прашан за мислење околу одлуката на Апелациониот суд во Скопје за случајот „27 април“.

– Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но сепак направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, рече Мицкоски.


Премиерот со жалење потенцираше на фактот дека дел на обвинители и судии денес сведочат за фингирани процеси, уценувања и притисоци.

– Како држава не можеме да одиме напред ако две работи не добијат јасен одговор. Првиот одговор е, како Катица Јанева повторно ги задолжи обвинителите од СЈО да вршат терор врз македонските граѓани? И вториот случај е да се дознае вистината за „27 април“. Се’ останато е во рамките на правосудството, дециден Мицкоски.

Можете да прочитате

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието