Утрински Весник
Економија

СДСМ: Сѐ уште нема мерки – граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски и во политиката и во економијата.


Додека цела Европа носи антикризни пакети и навремено реагира за заштита на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски не презема ништо.

СДСМ веќе два месеци предлага конкретен пакет за заштита на граѓаните и економијата. 

Владата селективно презеде само мал дел од тие предлози, без суштинска промена која може да даде резултат и ги остави граѓаните сами да се справуваат со скапотијата. 

Цените веќе се на историски највисоко ниво, а најавите се дека во мај следува нов бран на поскапувања, вистинскиот удар од кризата за која Европа одамна се подготвува. 

Граѓаните се притиснати од трошоци, а со почетокот на летната сезона ќе бидат принудени дополнително да се задолжуваат. Есента и зимата ги чекаат со сериозно нарушен животен стандард.

Потрошувачката кошница од почетокот на кризата е зголемена за над 3.500 денари, а Владата не презеде ниту еден сериозен чекор за заштита на најранливите. Минималната плата не е зголемена, додека инфлацијата директно го јаде приходот на граѓаните.

Наместо реални економски политики, власта нуди само медиумска пропаганда и празни изјави.

Дополнително, земјоделството е оставено без поддршка. Субвенциите доцнат или изостануваат, а ИПАРД програмата е блокирана поради сомнежи за злоупотреби. Во услови кога цените на горивата, ѓубривата и репроматеријалите растат, домашното производство е ставено на ризик.

Оваа неспособност директно ќе значи нов бран поскапувања на храната и основните производи.

Граѓаните ги чекаат тешки времиња, а Мицкоски размислува само за купување нов авион за летување.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Можете да прочитате

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

ЕВРОТО ГО МЕНУВА ИЗГЛЕДОТ: Истекува важен рок, еве кои мотиви ќе ги красат новите банкноти и што се случува со онаа од 500!

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме