Утрински Весник
Скопје

Дуатлон трка во чест на Ѓоко Кузмановски, затворени дел од сообраќајниците во општина Аеродром

20260425203018 big 730x400 63.webp.webp

Меморијална дуатлон трка денеска се одржува во чест на основачот на Триатлон федерацијата на Македонија, Ѓоко Кузмановски. Предвидени се четири старта, со почеток во 9 часот и завршување во 13:30 часот, кога се очекува финишот на последниот натпреварувач од последниот старт. 

Патеката на движење е на подрачјето на општина Аеродром, пред СЦ „Јане Сандански“. Стартот ќе биде пред влезот на СЦ „Јане Сандански“, ќе се продолжува по булеварот „АСНОМ“ во правец кон хотелот „Хилтон“.


Трката е во календарот на Триатлон федерацијата на Македонија и се одржува според врвни стандарди и во согласност со светските правила. Натпреварот ќе се одвива во три последователни сегменти: прво трчање, потоа возење велосипед и завршно повторно трчање.

Организатор е Спорт Клуб СОФКА од Скопје, во соработка со Триатлон федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје. 

Со овој настан, како што информираат организаторите, ќе му се оддаде признание на Кузмановски за неговиот придонес за развојот на триатлонот во земјата.

Поради одржувањето на трката привремено се затворени дел од сообраќајниците во општина Аеродром, односно затворена во двете насоки е улицата „Васко Карангелески“ од крстосницата кај СЦ „Јане Сандански“ до влезовите на паркинзите кај Мајчин дом и блокот на зелените згради,
булеварот „АСНОМ“ од крстосницата  кај СЦ „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „Србија“, со исклучок на делот кај хотелот „Хилтон“, каде ќе има контролиран пристап до паркингот.

Можете да прочитате

Герасимовски: Центар пееше во еден глас, македонски евергрини и филмски класици ја кренаа публиката на нозе на Центарска симфонија

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Без струја делови од општините Петровец и Сарај