Утрински Весник
Свет

САД воведоа санкции врз кинеската рафинерија за нафта поради соработка со Техеран

Usa sad iran scaled.jpg

Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз кинеската рафинерија за нафта Хенгли поради нејзините деловни зделки со Техеран, соопшти Министерството за финансии.

– Независните рафинерии во Кина продолжуваат да играат витална улога во одржувањето на нафтената економија на Иран, а Хенгли е еден од најголемите клиенти на Иран за сурова нафта и други нафтени производи, купувајќи иранска нафта во вредност од милијарди долари, се вели во соопштението на Министерството.


Санкции беа воведени и врз околу 40 превознички фирми и бродови кои „работат како дел од флотата во сенка на Иран, чиј транспорт на нафта и петрохемикалии обезбедува финансиски спас за нестабилниот режим на Иран“, додаде Министерството.

Секретарот за финансии Скот Бесент рече дека САД ќе продолжат да ја ограничуваат мрежата на бродови, посредници и купувачи на кои се потпира Иран за да ја префрли својата нафта на глобалните пазари.

– Секое лице или брод што ги олеснува овие текови – преку тајна трговија и финансии – ризикува да биде изложен на санкции од САД, рече Бесент.

Новите санкции се дел од обидите на Вашингтон да ги ограничи финансиските и воените капацитети на Иран.

Можете да прочитате

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за рестартирање на мировните преговори со САД

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД

Белата куќа испраќа пратеници во Пакистан