Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски

Image 2026 04 24 183603097.png

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција.

На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност.


Уважувајќи ја улогата на уметноста како универзален јазик и моќта на културната дипломатија, Сиљановска-Давкова изрази интерес за севкупниот креативен процес и за пораките што уметникот Жерновски цели да ги пренесе преку проектот „Пиета во прекривките на ургентноста”.

Соговорниците се согласија околу насушната потреба од континуирана институционална поддршка на уметноста и културата, како и за важноста на македонското учество на Биеналето во Венеција, како исклучителна можност за достојно претставување и афирмација на нашиот творечки потенцијал.

Претседателката ја нагласи својата цврста поддршка на уметничкото творештво, со посебен акцент на младите уметници. Таа изрази подготвеност дворот на Кабинетот да биде едно од местата каде што ќе се одржуваат културни настани и уметнички претставувања, заради поттикнување на младите уметници.

Можете да прочитате

Презентирана програмата на годинешното 66. издание на Охридско лето

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Скопјанка од капар за кирија за непостоечки станови заработила над 45. 000 денари