Утрински Весник
Свет

Нов раст на цените на нафтата на светскит берзи

Nafta2.webp.webp

Цените на нафтата утрово забележаа благ раст на светските берзи.

Северноморската нафта „Brent“ поскапе за 0,7 проценти и достигна речиси 105,8 долари за барел, додека цената на американската сирова нафта порасна за 0,6 отсто на 96,5 долари за барел.


Забележителна е загриженост на берзите дека продолжените борби меѓу Израел и Либан би можеле да го нарушат кревкото примирје меѓу САД и Иран. Техеран соопшти дека тие судири претставуваат прекршување на условниот прекин на огнот.

Цените на нафтата се во нагорна линија откако американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ги одложат нападите се додека Иран не понуди „единствен предлог“ за решавање на конфликтот.

Дополнителен притисок врз пазарите создава и фактот што и натаму се во прекин испораките преку клучната Ормуска Теснина, што ги нарушува глобалните енергетски текови.

Можете да прочитате

Интерпол уапси стотици лица осомничени за криумчарење африкански мигранти во Европа

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје

САД стануваат прва држава во светот која во целост ги бојкотира проверките на Советот на ОН за човекови права