Утрински Весник
Скопје

ВЛЕН: Сарај влегува во меѓународната агенда

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Општина Сарај влегува во ново поглавје на афирмација и меѓународна соработка. Посетата на вршителката на должноста на САД во нашата земја, Нејзината екселенција г-ѓа Николе Варнес, претставува значаен момент што сведочи за зголеменото внимание и почит кон оваа општина. Оваа посета доаѓа по претходната посета на амбасадорот на Европска Унија, Микаел Рокас, со што Сарај за првпат се позиционира на агендата на клучните меѓународни фактори. Овој развој е јасен сигнал дека Сарај се претвора во референтна точка за дијалог и соработка.


За време на средбата се разговараше за политичките случувања во земјата, како и за процесот на консолидирање на ВЛЕН, која се движи кон формирање како заеднички политички субјект, со кулминација на Конгресот на 9 мај. Сарај денес, со Мухамет Елмази, покажува дека има капацитет, визија и посветеност да биде активен дел од одлучувачките и меѓународните процеси. Ова е само почеток на еден нов пат кон афирмација и развој.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари

Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат – затоа што тој не може, велат од СДСМ