Утрински Весник
Македонија

Рускоска: Според фискалните на Бојан Јовановски, парите од „Рекет“ одамна се потрошени

Vilma ruskoska 2 1024x593.avif.avif.avif

Во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, обвинителката Вилма Рускоска изјави дека, судејќи според фискалните сметки, Бојан Јовановски најверојатно одамна ги потрошил парите поврзани со случајот „Рекет“.

Таа посочи дека во текот на постапката биле презентирани докази за значителни трошоци, вклучително и луксузен шопинг во Милано, каде според документите бил остварен поврат на ДДВ од околу 140, 000 евра.


„Судејќи според начинот на трошење, не верувам дека тие средства и денес се користат“, истакна Рускоска.

Случајот „Рекет“, кој ја потресе јавноста и доведе до пад на Специјално јавно обвинителство, и натаму останува симбол на висока корупција и злоупотреба на моќ.

Можете да прочитате

И Тошковски платил сообраќајна казна, вели дека казни добиле и министри, директори и верски лица

Полициските возила ќе мерат брзина во движење, мобилни камери ќе се поставуваат на „црните точки“

Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?