Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муцунски со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес 

Image 2026 04 23 1.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог.

Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на економските односи и потенцијалот за нови инвестиции.


Воедно, стана збор и за меѓународните односи, актуелните состојби во рамки на НАТО, како и за тековните безбедносни предизвици.

Посебен осврт беше направен на реформските процеси, вклучително во областа на судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и на реализацијата на инфраструктурните проекти.

Во услови на зголемени безбедносни предизвици, соговорниците го истакнаа значењето на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО како клучни фактори за стабилност.

Можете да прочитате

Италијански експерти ги обучуваат воздухопловните единици на МВР според европски стандарди

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата 

Под Тумбе кафе најдени се над 1000 неексплодирани бомби и гранати од Првата светска војна