Утрински Весник
Македонија

Хуманитарни акции по повод одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата и реализација на вежбата „БЛЕСОК 26″

Dsc 0009.jpg

Одбележувањето на Денот на Генералштабот на Армијата, освен со реализација на протоколарните активности, се карактеризираше и со организирање на доброволна хуманитарна акција. Низата на хуманитарни акции традиционално продолжи и оваа година, а се реализираше во Општина Неготино. На 23 април 2026 година од припадниците на Генералштабот на Армијата беа обезбедени и донирани технички средства, спортски реквизити и школски прибор за децата од градинките „Фемо Кулаков” и основните училишта „Страшо Пинџур” во село Криволак и село Пепелиште. На чинот на предавањето на донираните средства, освен претставници на Армијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Неготино, госпоѓа Марија Нацева.

Во контекст на претходно наведеното, а по повод реализација на вежбата „БЛЕСОК 26″ на АП „Криволак”, на хуманитарната акција се придружија и учесниците на наведената вежба со донирање на кондиторски производи и освежителни пијалаци. Претставници од раководството на вежбата, Генералштабот на Армијата и Командата за обука и доктрини ја имаа честа да присуствуваат на предавањето на донацијата на децата од наведените градинки и училишта во село Криволак и село Пепелиште, како и во специјалниот завод во Демир Капија.


Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата 

Под Тумбе кафе најдени се над 1000 неексплодирани бомби и гранати од Првата светска војна

Уапсени измамници од Романија – 24info.mk