Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички, силна инфраструктурна динамика и богата програма за јубилејот на Центар

Gerasimovski.webp.webp

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во утринската програма на Канал 5 информираше дека паралелно се работи на повеќе инфраструктурни зафати, меѓу кои реконструкцијата на улицата „Ленинова”, во прва и втора фаза, на делницата од „Партизански одреди” до Министерството за земјоделство.

Во тек е и реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа” во Дебар Маало, како и хортикултурното уредување кај Зелениот пазар.


Герасимовски најави и изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, за која во моментов се подготвува проектна документација. Тој потсети и на неодамна отворената градинка „Пролет”, прва нова по повеќе од 50 години.

„Продолжуваме и со реконструкција на детските и спортските игралишта, со цел најмладите да имаат соодветни услови за игра и спорт, особено во периодот на распуст”, додаде тој.

Герасимовски истакна дека советниците ја препознале квалитетната изборна програма и ја поддржале нејзината реализација.

„Искрено сум среќен што советниците ја препознаа добрата програма со која настапивме на изборите. Голем дел од проектите веќе се подготвени за отпочнување во оваа прва година од мандатот. Верувам дека до крајот на мандатот ќе реализираме над 80% од ветеното”, рече Герасимовски.

Градоначалникот посочи дека во делот на културата, општината годинава има најголем буџет досега, со бројни настани посветени на 50-годишниот јубилеј на Општината. Паралелно се реализираат и проекти за поддршка на повозрасните, како и активности што поттикнуваат сплотување меѓу сите категории граѓани.

По успешната манифестација „Центарски улици 4″, во сабота, на 25 април, ќе се одржат „Тематски прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар”, со почеток од 12 часот.

На 27 април, кај спомен-клупата на големиот драматург Горан Стефановски во Дебар Маало,  со почеток од 17 часот, ќе се одржи настанот „Прослава на животот на Горан Стефановски”.

Можете да прочитате

Градежен шут се исфрла среде населено место во Ченто

Нови инвестиции во пумпните станици на Општина Илинден

100 електрични автобуси, БРТ и 520 нови паркинг места за скопскиот сообраќај