Утрински Весник
Балкан

Ужас на влез во Турција: Автобус без контрола усмртил две а повредил 16 лица

Avtobus.jpg

Инцидент со автобус се случил во непосредна близина на граничниот пункт кај Малко Трново меѓу Бугарија и Турција, при што загинале две лица, а 16 се повредени.

Според првичните информации, станува збор за украински автобус со патници кои биле украински државјани.


Според првичните информации, возилото застанало на патот откако останало без гориво. Патниците биле изведени надвор, но автобусот потоа ненадејно тргнал наназад и прегазил дел од луѓето кои се наоѓале зад него.

По список, во автобусот имало 37 патници и двајца возачи, односно вкупно 39 лица. По инцидентот автобусот завршил во ров, а од местото се извлечени сите патници и возачите.

Шестмина од повредените биле транспортирани во здравствени установи во Бургас, додека десет лица се однесени во центарот на итната медицинска помош во Малко Трново. Останатите од групата привремено се сместени во дневен центар во пограничниот град.

Можете да прочитате

Туристички агенции во Србија почнаа да наплаќаат доплати за гориво на патниците кои веќе уплатиле аранжмани

Едно лице загина по експлозија на бомба во Сплит

Кос предупредува: Западен Балкан може да изгуби 750 милиони евра од Планот за раст