Утрински Весник
Балкан

Едно лице загина по експлозија на бомба во Сплит

Hrvatska policija.jpg

Eдно лице загина во експлозија што доцна синоќа се случи во хрватскиот крајбрежен град Сплит, јавија хрватските медиуми.

Според информациите од сплитската полиција, експлозијата се случила во 22:40 часот по хрватско време во населбата Равна Нива во Сплит, јави хрватската национална телевизија ХРТ. Досега е познато дека најмалку едно лице загинало, но засега нема информации за него.


Хрватската редакција на регионалната телевизија Н1 известува дека експлозијата се случила во подвозник. Полицијата го обезбедила поширокото подрачје околу местото на инцидентот.

Истрагата е во тек, но во оваа фаза податоците од неа укажуваат дека не станува збор за кривично дело, туку за несреќа, се вели во соопштението на полицијата

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31