Утрински Весник
Македонија

Средба во ЦУК со претставници од САД

Image 2026 04 21 171809250.png

Во духот на зајакнување на меѓународната соработка и градењето институционална отпорност, денес во Центарот за управување со кризи се одржа билатерална средба со претставници од Соединетите Американски Држави.

На средбата присуствуваше директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамет Али, заедно со високи претставници од институцијата, како и делегација составена од претставници на Институтот за безбедносно раководење, Националната гарда на Вермонт, Европската команда на САД, Амбасадата на САД и Министерството за одбрана.


Средбата беше отворена со кратко обраќање од страна на директорот Али, по што претставниците од САД ја презентираа агендата, целите и очекуваните резултати од работилницата. Во фокусот на дискусијата беа темите за континуитет на владата и критичните владини услуги, како и поддршката од земјата домаќин.

Главната цел на средбата беше унапредување на билатералната соработка и зајакнување на партнерската поддршка во насока на градење национална отпорност, преку развој на обуки и вежби во областа на кризниот менаџмент.

Оваа средба се реализираше во рамки на Меѓуресорската работилница за градење отпорност, која се одржува од 21 до 23 април 2026 година во Скопје, со учество на повеќе национални институции надлежни за оваа област, во согласност со основните барања на НАТО.

Можете да прочитате

Величковски: Лицата на американските црни листи кај нас живеат слободно

Величковски: Државата е заглавена во затворен политички круг

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите