Утрински Весник
Македонија

Три вида државна матура – гимназијалците ќе полагаат на 6 и 11 јуни, учениците од стручните и од уметничките училишта на 6 и 12 јуни

Matura.webp.webp

Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

-Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките училишта и овој пат материјалот што ќе го полагаат учениците ќе биде приспособен на она што тие го изучувале во текот на четири години, изјави министерката Весна Јаневска.


Таа не очекува да има препишувања посочувајќи дека минатата година имало многу помалку, како што рече, препишувања или обиди за снаоѓање на ученците при полагањето на матурата.

-Тоа нè охрабрува. Самото промовирање на тоа дека матурата тие треба да ја сфатат како завршување на нивното средно образование, а не како нешто страшно, како проценка на нивнотo знаење за понатамошниот живот, предизвика ефект. Но, секако, се работеше и со оценувачите и со набљудувачите, и минатата и оваа година, и јас сум длабоко убедена дека и оваа година процесот ќе биде така како што треба да биде, изјави министерката Јаневска пред почетокот на настан организиран од ИНОВА.

Според календарот на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој ги организира и спроведува екстерните испити, државна матура 2025/2026 гимназијалците ќе полагаат на 6 јуни, за кога е закажан тестот по англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик,  италијански јазик, математика или историја, а на 11 јуни ќе го полагаат испитот по мајчин јазик и литература (македонски јазик и литература, албански јазик и литература, турски јазик и литература, српски јазик и литература).

Учениците што ќе полагаат државна стручна матура првиот екстерен испит ќе го полагаат, исто така, на 6 јуни и ќе избираат помеѓу тест за англиски јазик или тест за математика. Екстерниот испит по мајчин јазик и литература учениците од стручните училишта ќе го полагаат на 12 јуни.

Државна уметничка матура ќе се плага на 6 јуни (англиски јазик или историја) и на 12 јуни – испитот по мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски односно српски јазик).  

Можете да прочитате

Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија

Сиљановска-Давкова прими претставнички на „Македонија 2025“, разговарано за претстојниот Самит и воспоставувањето на Советот за дијаспора

Драмскиот театар одбележува 80 години постоење – за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски