Утрински Весник
Македонија

Петровска со порака за роденденот на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскоро да започнеме со трансформација!

Petrovska sdsm.jpeg

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, нагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена.

Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку идеологија изградена врз илјадници животни приказни и клучни државнички одлуки. Таа ја истакна важноста на партијата како инклузивна сила која ги спојува различностите, но не ја премолчи потребата од саморефлексија.


„Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале – на подобро, се разбира. Промената на подобро е неопходна и суштинска за да може да успееме, за да победиме, за Македонија“, пишува Петровска.

Пратеничката упати и директно предупредување до сопартијците, нагласувајќи дека сегашниот момент бара храброст за внатрешни реформи.

„Ако не се промениме, ќе исчезнеме. Затоа, час поскоро мора да започнеме со трансформација“, децидна е таа во својот статус.

Честитајќи го роденденот на партијата, Петровска порача дека симболите на СДСМ – розата и тупаницата – и понатаму носат порака за подобро утре, но само доколку партијата покаже капацитет за суштинско менување.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Оваа иницијатива има поширока општествена цел од образовната: да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации 

ДНК-докази клучни во обвинението против судијата Ристов за заѕиданите 350.000 евра

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски на средба со американскиот амбасадор во НАТО, Витакер: Заеднички ја развиваме македонската Армија и ја зацврстуваме колективната одбрана