Утрински Весник
Македонија

Возач од Крива Паланка возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Mvr Policija 4.jpg

Осумдесет и едно годишниот М.А од Крива Паланка вчера попладне бил запрен од полиција поради тоа што возел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес.

М.А. во 17:30 часот го управувал патничкото возило на автопатот Скопје-Велес, а на наплатната станица „Сопот“ во близина на Велес го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, затоа што возел во спротивна насока на автопат.


Како што информираа попладнево од СВР Велес, при сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал 81 годишниот , М.А. при што било констатирано дека се движел во спротивен правец на автопатот.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,најавија од СВР Велес.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Оваа иницијатива има поширока општествена цел од образовната: да создава поактивни, посвесни и поздрави генерации 

ДНК-докази клучни во обвинението против судијата Ристов за заѕиданите 350.000 евра

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски на средба со американскиот амбасадор во НАТО, Витакер: Заеднички ја развиваме македонската Армија и ја зацврстуваме колективната одбрана